Полицијата продолжува да трага по Груевски, откако не го најде дома

Од:

Полицијата продолжува да трага по поранешниот премиер Никола Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде во неговиот дом и да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Од МВР велат дека полицијата продолжува да постапува по потерницата распишана по Груевски и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.

Потерница од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.

Во меѓувреме, МВР на веб – страницата ја објави потерницата со фотографија од Груевски.

Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Берлин: Возач му го откина прстот на братот, па предизвика тешка несреќа

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

(ВИДЕО) Каменуван е автобус со српски туристи во Грција, двајца патници и возачот се повредени

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Полиција започна потрага по 43-годишна жена од Скопје