Полицијата постапува по случајот со албанската еднојазична табла во библиотеката во кичевскиот Центар за култура

Од:

Полицијата постапува по случајот за кој денеска пишуваше „А1он“, во врска со поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево на која само на албански јазик е напишано “Republika e Shqiperisё”, со знамето на Албанија.

„Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки согласно своите надлежности и за случајот е известен Јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство“, информираат од МВР.

Како што веќе објавивме, станува збор за еднојазична табла, само на албански јазик со знамето на Албанија, која води кон дел од библиотеката каде што се поставени два компјутери, преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија.

Дел од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираа дека станува збор за провокација и за кршење на законите, со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние кои не го знаат албанскиот јазик, воопшто не можат да се информираат за што станува збор.

Еднојазичната табла била поставена во средата, а директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, изјави дека станува збор за грешка која ќе биде исправена и дека за истото е надлежна општината.

„Ние имаме договор со општината, да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој кој е заинтересиран за одредени информации од архивот, да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве ако не ја сменат од општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија“, изјави Османи за „А1он“.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница