Табла „Republika e Shqiperisë” и албанско знаме во библиотеката во кичевскиот Центар за култура

Од:

Табла „Republika e Shqiperisë” е поставена во библиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Станува збор за еднојазична табла, само на албански јазик со знамето на Албанија, која води кон дел од библиотеката каде што се поставени два компјутери, преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија.

Дел од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираат дека станува збор за провокација и за кршење на законите, со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние кои не го знаат албанскиот јазик, воопшто не можат да се информираат за што станува збор.

„Од толкава зграда, решија токму во делот на бибилиотеката да го направат овој проект. Се вадеа книги од библиотеката, во кутии и во пакети, за да се донесат овие поставки со албански еднојазични обележја, Во меѓувреме библиотеката дополнително се празни, оти се подготвува простор за галерија посветена на Омер Калеши. Навистина нема потреба да се изнесуваат книгите кои се богатство и да се уништува библиотеката поради вакви работи, особено што во зградата има толку многу простор“, вели граѓанин од Кичево  кој сакаше да остане анонимен.

Директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, за „А1он“ вели дека станува збор за грешка која ќе биде исправена и дека за истото е надлежна општината.

„Ние имаме договор со општината, да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој кој е заинтересиран за одредени информации од архивот, да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве ако не ја сменат од општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија“, вели Османи.

Таблата била поставена пред два дена, во средата. Но, незадоволството кај посетителите на националната установа трае од поодамна, бидејќи, според нив, на плакатите што се лепат за настаните во центарот за култура, се избегнува да стои името на установата, Кочо Рацин.

„Како што можете и сами да видите, на ниту еден постер не е напишано целосното име на установата – Центар за култура ‘Кочо Рацин’. Директорот своеволно реши да го избегнува името на Кочо Рацин, па секаде пишува само ‘Центар за култура – Кичево’. Не ни е сфатливо што се сака да се постигне со ваквите провокации“, вели посетител.

Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево минатата година го одбележа својот 40-годишен јубилеј. Станува збор за храм на културата, каде во последниве четири децении продефилирале голем број дејци од културата и придонеле за културниот развој на градот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски