Полицијата поднесе 29 кривични пријави за граѓани од Струмица и Радовиш кои не ја почитувале забраната за движење

Од:

СВР-Струмица вчера поднесе 29 кривични пријави за прекршување на забраната за движење, од кои 25 пријави за 27 лица се поднесени до ОЈО Струмица и две пријави против две лица во Радовиш, соопштија денес од полицијата.

За разлика од завчера кога 17 лица ја прекршија забраната за движење, синоќа само пет граѓани биле затекнати надвор од своите домови, од кои четири лица во Струмица и едно во Валандово.

Од полицијата информираат дека со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат три нови лица се во домашна изолација, од кои две во Радовиш и еден во Гевгелија, а на подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Струмица се евидентирани и три нови лица во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба