Полицијата од Кавадарци со превентивни акции за исправноста на тракторите

Од:

Полицијата од Кавадарци презеде со превентивни акции за исправноста на тракторите, инспекторот за превенција од Одделението за превенција при кавадаречката полициска станица од општа надлежност.

Димитар Каракулев, денеска информираше дека се реализирани три вакви акции оваа сезона, а ќе се спроведат уште неколку во наредниот период.

– Се врши контрола на техничката исправност и светлосно сигналните уреди кај тракторите и другата земјоделска механизација. Последната акција беше реализирана во близина на станицата за технички преглед АМД “Страшо Пинџур“ од Кавадарци, соопшти Каракулев.

На сите возачи им беа поделени флуоресцентни елеци со логото на осигурителните компании и станиците за технички преглед кои ја поддржуваат ваквата превентивна кампања.

Им беше укажувано да ги регистрираат своите возила, тие да бидат технички исправни, особено во делот на светлосно сигналните уреди, се со цел помалку сообраќајки.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец