Полицијата ќе ги засили контролите по гостиварските угостителски објекти

Од:

По акциската контрола, изминатиот викенд, кога во угостителски објект-дискотека во Гостивар, биле затекнати пет малолетници кои конзумирале алкохолни пијалаци, од СВР Тетово најавуваат засилени контроли. Целта е да се спречи, малолетници да конзумираат алкохол и санкционираат сите оние кои им го овозможуваат тоа.

Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово потврди дека деновиве е засилено присуството на полициските службеници на места кои се најчести собиралишта на младите.

– Евидентирана е појава кога малолетници, најчесто за викендите, конзумираат алкохолни пијалаци во угостителските објекти во кои престојуваат, по што неретко учествуваат и во разно-разни нарушувања на јавниот ред и мир во или надвор од објектите. Оддавањето на пијанство и нарушување на јавниот ред и мир е законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 400 евра, изјави Јосифоски.

Тој ги потсети сопствениците на угостителски и трговски објекти да не продаваат и служат алкохол на малолетници, бидејќи ќе се соочат пријави и парични или казна затвор од три месеци до три години. Доколку малолетникот е под 14 години, тогаш санкциите се уште поригорозни и затворската казна се движи од една до пет години.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена