Полицијата казнила 33 возачи за пребрзо возење низ Полог

Од:

Сообраќајната полиција во контролите за брзината со која се движат возилата во полошкиот регион, вчера открила 33 пречекорувања на брзината. Од нив 25 биле воТетовско и осум во Гостиварско. Низ населените места откриени се 12 пречекорувања, а 13 надвор од населено место. Меѓу откриените имало и возачи кои ја пречекориле брзината за 50, односно 70 километри на час над максимално дозволената брзина.

– На сите прекршители изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со парична глоба од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Зависно од големината на пречекорената брзина, на возачите времено ќе им бидат одземени и дозволите во период од три месеци до една година,изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај ова, во контролите откриени се и шест возачи кои управувале без положен возачки испит, и двајца возачи-почетници.

Контролите ќе бидат интензивирани и во наредниот период бидеќи, како што нагласува Јосифоски, неприлагодената брзина и минатиот месец беше причина број еден за најголемиот број сообраќајни несреќи кои се случиле на тетовското подрачје.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози