Полицијата апси поранешни раководители на ЕСМ, меѓу уапсените е и Васко Ковачевски

Од:

Повеќе од десетина лица денеска се уапсени во голема акција на полицијата во која се приведени лица кои директно или индиректно биле поврзани со работењето на ЕСМ и РЕК Битола.

Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.

Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. Меѓу уапсените, според медиумските објави е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он