Полиција мораше да го бара телото на починат скопјанец, блиските со кола го однеле од Токсикологија

Од:

30-годишен скопјанец вчера бил донесен починат на Клиниката на токсикологија, а веднаш потоа членовите на неговото семејство го однеле телото, по што морала да интервенира полицијата, соопшти МВР.

„На 16.06.2021 во 05.54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на Одделение за токсикологија бил донесен Р.Б.(30) без знаци на живот. Според пријавеното, веднаш потоа телото го земале членови на семејството и заминале со патничко возило, кое набргу било пронајдено. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он