Полицајката Јаначкова за инцидентот кај Мавровка: Со Бекир Асани имав само вербална расправија

Од:

Во текот на вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги фотографиравме и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници, раскажува полицајката Јасмина Јаначковска која вчера беше вербално нападната од Бекир Асани, функционер на ДУИ при извршување на работна задача.

Полицајката денеска имаше средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која се одржала на негово барање за директно да слушне детали во врска со вчерашниот инцидент кој се случи на паркингот кај плоштадот „Скендербег“ кај ТВ „Мавровка“.

На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска објасни дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ Св. Наум Охридски.

Министерот Спасовски ѝ оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално, согласно нивните законските овластувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров