Полицајците посипани со боја и со искршени штитови си заминаа од Бит-пазар

Од:

Полицијата се уште не јавува официјално дали има повредени во денешниот протест за „Монструм“, но од Бит-пазар си заминаа со уништени униформи и опрема.

Со побелени од боја чизми, панталони, горен дел од униформата и замачкани штитови беа многумина полицајци кои стоеја во кордон и не дозволуваа демонстрантите да се движат кон судовите. Кај полицијата на заминување се забележуваа и искршени штитови.

Демонстрантите кон нив фрлаа цели столови, а откорнаа и неколку од железните корпи за отпадоци поставени на улицата и ги фрлија врз полицијата.
Протестот заврши откако полицијата ги потисна демонстрантите и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите