Полицајци спречија обид за самоубиство во Охрид

Од:

Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“.

Како што соопшти СВР – Охрид, четворица полицајци интервенирале по дојава на жител на Охрид, кој го пријавил случајот на полицијата како обид за самоубиство. Акцијата за спасување на жената траелa речиси цел час, во зграда во изградба на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Претходно било извршено обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени мерки за спречување на лицето во обидот за самоубиство.

Прво двајца од полицајците иницирале разговор со лицето, а истовремено другите двајца внимателно се приближиле до жената и во соодветен момент реагирале и ја одвлекле жената од неоградената тераса.

Станува збор за жена на возраст од 41 година, која безбедно била спуштена на приземјето и предадена на екипа на Службата за Итната медицинска помош од Охрид.

За акцијата претходно бил известен јавниот обвинител кој бил запознат со намерите на полициските службеници како и со исходот од преземените мерки.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум