Полицајци случајно ги виделе како разменуваат нешто – по претрес најдени хероин, марихуана, амфетамини…

Од:

36-годишен жител на Кавадарци со возило влегол во дворот кај својот 35-годишен пријател. Полиција која се затекнала во близина забележала како двајцата разменуваат нешто, и бидејќи им биле сомнителни ги пречекале откако излегле од дворот и ги застанале.

Го претресле возилото при што внатре нашле дрога – хероин. Веднаш ги задржале и се обратиле до судот за наредба за претрес во куќата.

Наредбата ја добиле, а во објектот пронашле и друг вид дрога. Амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Во официјалната информација од МВР се вели:

„ На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.М.(35) и Г.Н.(36), двајцата од Кавадарци. Околу 19.10 часот бил забележан Г.Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М.М. и како разменуваат нешто, а откако излегол од дворот, на улица „7 Септември“ бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.“

Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он