Полицајци надгледувале дилер, кај него се најдени 57 паковки марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе mаредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 23-годишник, во автомобил “oпел корса” неовластено држел 57 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 72 грама, наменети за натамошна продажба.

Автомобилот бил во негова сопственост и одреден период оставен на паркинг на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”. По претходна пријава возилото било обезбедувано под надзор на полициски службеници.

На 27 јуни осомничениот се доближил до автомобилот и бидејќи не можел да си ги пронајде клучевите, насилно го скршил задното стакло, по што извлекол црна најлонска вреќа со повеќе пакувања марихуана и дигитална вага. Веднаш бил забележан од полицијата, па ја фрлил вреќата и се дал во бегство.

Не бил достапен на органите на прогонот до 11 август кога сам се пријавил во полициска станица, што за јавниот обвинител е потврда на ризикот осомничениот со бегство да го избегнува кривичниот прогон.

Исто така постојат особени околности кои укажуваат на опасност да го повтори делото, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора

А1он

Запленети околу два тони марихуана – голема акција во Белград

А1он

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за дилер на „мара“ и на амфетамин

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана