ВИДЕО: Полицајци ја донесоа Јасна Мандиќ кај Вилма Русковска

Од:

Соработничката на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, со полициска придружба од куќен притвор беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Таа треба да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска за случајот поврзан со работата на Меѓународниот сојуз, каде таа е заменичка =на Јовановски. Мандиќ се сомничи за изнана и перење пари во износ од засега неутврдени милион евра, кои Јовановски ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.

По Мандиќ, со документи од Меѓународниот сојуз дојде нејзиниот бранител Душко Јанковиќ.

Мандиќ се наоѓа во куќен притвор повеќе од два месеци, откако судот одлучи позитивно да одговори на барањето од обвинителката Вилма Русквоска која побара ваква мерка поради опасност од бегство, уништување на докази, влијание врз сведоци и други основи.

Освен заменик-претседателката Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Според истрагата, во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Соработничката на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, која воедно е директорка на „1ТВ“ и еден од сопствениците на Меѓународниот сојуз, ретко се споменува во јавноста, иако нејзиното име е во тесна релација со бизнисите на Боки 13.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески