Полицајци и родители во обиколка на угостителски објекти низ Охрид

Од:

Во рамки на проектот „Соседска патрола“ што го реализира Секторот за внатрешни работи, мешани патроли составени од полициски службеници и заинтересирани граѓани вечерва ќе патролираат низ Охрид.

Униформирани полицајци и родители вечерва од 22 часот ќе посетат дел од угостителските објекти во градот, пред се места каде се случувале зачестени кривични дела и прекршоци од областа на јавниот ред и мир.

Заедно со заинтересираните граѓани кои доброволно ќе се пријават да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа и урбаните заедници, претставници од училишните одбори, од советот на родители од школските образовни центри, од советодавните групи на граѓани, од други заинтересирани институции.

Според полициското соопштение, интенција е граѓаните и претставниците на институциите преку вакви активности да дадат свој придонес кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир.

„Соседска патрола“ е превентивен проект на Министерството за внатрешни работи одобрен од Владата на Република Македонија, што има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и  зголемена безбедноста во населените места.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп