Полицaeц се заканувал и навредувал соселанец во гостиварско Тумчевиште

Од:

Полициски службеник од гостиварското село Тумчевиште откако навредувал соселанец и му се заканувал бил повикан на разговор во полициска станица, а потоа му е одземено и оружјето. Внатрешната контрола на МВР ги истражува мотивите и причините за насилното однесување.

Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер во 20:30 часот, Т.Ј.(78) од гостиварско Тумчевиште пријавил во полиција дека попладнето неговиот соселанец З.Д.(53), инаку полициски службеник, повеќе пати го навредувал, му се заканувал. При обид насилно да влезе во куќата, полицаецот скршил масата во дворот.

По извршениот разговор со полицаецот З.Д. нему со потврда му се одземени ловечка пушка и пиштол. Во координација со Секторот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски