Полицаец пукал во воздух при апсење на разбојник кој претходно се обидел да украде пари од маркет

Од:

Синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полициска патрола го уапсила Б.К. (33) од Скопје.

Тој, велат од МВР е уапсен по пријава според која околу 21 часот извршил разбојништво во маркет на улицата „Драгиша Мишовиќ“ во Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода. При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух. Од страна на вработена во маркетот извршено е препознавање на сторителот при што оштетената посочила дека Б.К. е сторителот“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски