Полицаец купил кола од странство и ја возел со одјавени таблички за да не плати давачки

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик.

„Откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано. По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност,“ соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски

За да избегне лисица, полицаец падна од службениот мотор на Водно

А1он

Кривична за полициски службеник, возеше пијан и предизвика сообраќајна незгода

Кривична за полицаец, возеше пијан со активна забрана за управување возило, двојно побрзо од дозволеното

Горан Наумовски