Полесно повредениот полицаец пуштен на домашно лекување, потешко повредениот е во ГОБ „8 Септември“

Од:

Едниот од двајцата полициски службеници од Полициската станица Чаир кои вчера беа повредени откако биле нападнати од група граѓани во населбата Шуто Оризари, кој се здобил со полесни повреди беше донесен во Ургентниот центар, по што беше пуштен на домашно лекување, изјави за МИА раководителот на Ургентниот центар Алберт Леши.

Посочи дека кај нив бил донесено уште едно лице со посериозни повреди односно со нагмечување во пределот на главата, со контузија и потрес на мозокот.

– Полицаецот имаше речиси незабележителни повреди. Цивилот мислам дека е сместен на Клиниката за неврохирургија, додека другиот полицаец кој бил посериозно повреден бил однесен во Градската општа болница „8 Септември“, додаде Леши.

Од ГОБ „8 Септември“ информираа дека повредениот полицаец е во стабилна здравствена состојба и е ставен на апарат за дишење.

По синоќешниот инцидент на распит во полиција се повикани повеќе лица и во моментов се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР