Покрај Чавков уапсени и актерот Јовановски, Мукоски, Ќосето

Од:

Во полициската акција утрово, според неофицијални информации, уапсени се 15 лица за поврзаност со настаните од 27 април, кога беа нападните пратениците од парламентарното мнозинство во македонското Собрание.

Покрај Митко Чавков, помеѓу уапсените се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Крсто Мукоски, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов и други.

Утрово се очекува Митко Чавков да биде донесен пред Кривичниот суд пред судија за претходна постапка, а полицијата не им дава пристап на новинарските екипи до судот.

Обвинителството побарало приведување и на Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир.

Обвинети се за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок. Mинимална казна затвор е 10 години.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик