Показна вежба во организација на СВР Куманово и Црвен крст

Од:

Неограничени можности за сообраќајна незгода, по цена од еден повик имате можност да добиете скршеница, затворска казна, престој во болница и многу повеќе, ваков материјал делеа денеска волонтерите од Црвениот крст и учениците од основните училишта во Куманово на показната вежба што ја организираше СВР Куманово на градскиот плоштад, со цел подигање на свеста кај возачите за одоговорно возење без користење на мобилен телефон.

Припадниците на сообраќајната полиција вршеа контрола, а волонтерите од Црвен крст, пак, изведоа показна вежба за реанимација, санирање на различни повреди и скршеници кои можат да се здобијат во сообраќајна несреќа.

– Денешната показна вежба акцент става на непочитување на сообраќајните прописи, во делот на возење и на разговор на мобилен телефон, односно на последиците од непочитување на едно од сообраќајните правила и прописите од страна на учесниците во сообраќајот. При возење и зборување на мобилен, вниманието се оттргнува на друга страна и самите можеме да се здобиеме со повреди, а и да повредиме други учесници во сообраќајот, изјави началникот на одделението за превенција од СВР Куманово, Виолета Богдановска.

Кумановците кои беа стопирани и ја проследија вежбата велат дека се запознаени со казнените мерки, а што се однесува до познавањата во пружање прва помош, признаваат дека подзаборавиле и дека на овој настан се присетуваат на одредени техники.

Волонтерот Христина Петровска, изјави дека нивните волонтери покажуваат како да се санира скршеница на рака, нога, изгореници, реанимација.

– Дел од учесниците се информирани, а дел имаат потреба од надградување на знаењата, изјави Петровска.

За зборување на мобилен телефон, согласно законските прописи глобата изнесува 45 евра или 25 негативни поени.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце