Показна вежба на СПБГ во касарната Петровец

Од:

Во касарната во Петровец и реонот на Катланово денеска ќе се реализира показна вежба на командно место на средната баталјонска борбена група (СПБГ), како дел од активностите за одбележување 25 години од формирањето на АРМ и претстојната ресертификација на СПБГ, соопшти ГШ на АРМ.

Вежбата ќе ја проследат претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, началникот на ГШ генерал-потполковник Методија Величковски и генерали на АРМ.

Претседателот Иванов ќе ги посети командите на единиците стационирани во касарната „Страшо Пинџур“, а на самото место на изведување на вежбата ќе се запознае со постапките, мерките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на АРМ во извршување на задачите во командното место.

СПБГ е најголемата декларирана единица на Армијата на Република Македонија која на крај на септември и почетокот на октомври годинава на армискиот полигон „Криволак“ ќе изврши реоценување согласно концептот на оперативни способности на НАТО, Ниво 2.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он