Поголем дел од децата се вратија во струмичките градинки

Од:

Поголем дел од децата, кои ги исполнуваат условите од протоколите, денеска се вратија во клоновите на градинката „Детска радост“ во Струмица, информира директорот Васил Бубев.

-Околу 90 отсто, односно 520 дечиња денеска се вратија во градинките по строго утврдени протоколи и прописи, односно шест деца во група до две годишна возраст и 15 деца максимум во група до шестгодишна возраст. Родителите на овие деца ги исполнуваат условите со приложување на потврда дека и двајцата не можат да ги извршуваат работните обврски од дома, вели директорот Бубев.

Засега деца не се згрижуваат во градинката во „Клон 2“, каде заради доградба и проширување на капацитетот не можат да се примат децата.

Според директорот Бубев доградбата се уште не е завршена, иако во стариот објект може да престојуваат деца, но изведувачот на работите не оставил премин за прием.

-Неколку недели таму нема градежни работи, но требаше да ни остават простор за да може да влегуваме. Јас барав да подготват простор за да може да се поминува, но тоа не го сторија. Се надевам дека од почетокот на наредната недела ќе се реши овој проблем и ќе може и овој објект да прими дечиња, рече директорот на Градинката „Детска радост“ од Струмица, Васил Бубев.

Инаку, сите објекти на струмичката градинка се дезинфицирани и навреме се завршени сите подготвки за непречен престој на децата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски