Поглаварот на ИВЗ апелира за единство, соживот и толеранција

Од:

Поглаварот на Исламската верска заедница Реис Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед.

„Единството помеѓу нас, меѓусебното разбирање и меѓуверската толеранција преставуваат многу вредно богатство произлезено од нашата вера и од нашиот народ, а кои ги потврдувавме и зајакнувавме во текот на овој благословен Рамазан низ нашите џамии, на други јавни места и посебно преку нашите заеднички ифтари. Ние сме воспитани на секому да му ја пружиме нашата рака за поткрепа, без разлика на која вера или националност му припаѓа. Мирот кој треба да доминира во човештвото не е ни помалку ни повеќе, туку барање кое извира од нашата вера. Толеранцијата, соживотот и меѓусебниот респект се фундаментални принципи и вредности на Исламот без кои не може да се замисли развојот и прогресот на светот“, се вели во честитката.

„ На овој празник ги возобновуваме моралните вредности, пријателствата и соседските односи. Денес сите ние треба да го покажеме нивото на нашата верска култура, како и степенот на нашиот морал помагајќи му секого и отварајќи ги вратите на нашите куќи за оние кои ни го честитаат празникот. Во името на Исламската Верска Заедница, како и во свое лично име барам од вас да се солидаризирате со нашите браќа врз кои се врши насилие и зло и оние кои страдаат во војните од луѓе кои не поседуваат вера и тоа молејќи се за нив да бидат заштитени од милоста на Аллах џ.ш. и никогаш да не бидат од нас заборавени. Денес на некои места во светот некои муслимани се без заштита и без кров над главата. Затоа го молам Аллах џ.ш. нивната состојба и позиција што побргу да се промени на подобро“, порачува поглаварот на Исламската верска заедница Реис Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска