Поглавар на ИВЗ: Обединувањето на албанските земји е Божја волја

Од:

Поглаварот на ИВЗ, во интервју за порталот „Журнал“, повикува на обединување на Албанците.

Божја волја е обединување на сите Албанци во една земја, порача Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во интервјуто за весникот на албански јазик  „Zhurnal plus“, кое ќе биде објавено во целост во петочното издание.

„Обединувањето на албанските земји е Божјата волја, и затоа ние имаме обврска да ги вратиме така како што биле порано. Обединување на силите на албанскиот народ на сите нивоа ќе стане реалност, а Албанија ќе има единствена граница, таа која ја создал Бог.

– ИВЗ со сите свои капацитети е подготвена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци. Јас сум многу загрижен за положбата на Албанците, бидејќи не може да се замисли луѓето да живеат во пет држави. Неприфатливо е вие да живеете овде, таткото да живее во матичната земја, a браќата да живееат надвор oд границите“, вели Реисот Реџепи,  во интервјуто за „Zhurnal plus“.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска