А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поедноставено упатувањето на пациентите кај специјалист

by А1он17/04/2014 - 13:1898
Share0

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) го олесни начинот на упатување на осигурениците кај специјалист – субспецијалист.

Добивај вести на вибер

Од Фондот информираат дека во случај кога пациентот ќе биде примен како итен случај, повеќе нема да има потреба да се грижи за административните работи, бидејќи здравствениот систем во негово име ќе ги заврши сите неопходни административни процедури.

Така, осигуреникот кој е примен како итен случај со упат од итната медицинска помош или од дежурна служба, повеќе нема потреба да оди кај матичниот лекар за упат, бидејќи специјалистот ќе креира специјалистички/субспецијалистички упат, кој ќе го потврди со свој потпис и факсимил.

Доколку специјалистот изврши само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, тогаш здравствената установа ќе ги фактурира здравствените услуги до Фондот, со  упатот издаден од специјалистот/субспецијалистот.

Во случај кога при прегледот ќе се утврдат индикации за болничко лекување, тогаш болничкиот упат ќе го креира специјалистот, а доколку смета дека  пациентот треба да биде испратен на понатамошни испитувања тогаш ќе даде интерспецијалистички упат, упат за радиодијагостика или упат за биохемиски лабораториски испитувања.

Со новиот начин на упатување, специјалист/субспецијалист за секој контролен преглед ќе издава специјалистички/субспецијалистички упат. Со тоа, истакнуваат од Фондот, повеќе нема потреба за сите следни контролни периодични прегледи да се препраќа осигуреното лице кај матичниот лекар.

– Досега овие контролни прегледи непотребно се закажуваа преку „Мој термин“ како нов преглед, со што се пролонгираше времето за чекање за контролен преглед. Важноста на специјалистичкиот/субспецијалистичкиот упат сега е една година, наместо како досега еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања кои се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедат упат од матичниот лекар. Такви заболувања се хемодијализа, вежби на вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница. Пружените здравствени услуги се фактурираат секој месец до Фондот со копија од првично издадениот упат, појаснува ФЗОМ во денешното соопштение.

По завршување на лекувањето, во рок од пет дена, пациентот треба да ја однесе цеокупната документација за лекувањето кај својот матичен лекар.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен