Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката соопшти дека сите нивни подружници ќе работат во сабота и недела од 10 до 14 часот за граѓаните да може да се информираат за откуп на општествените станови.
Државното станбено претпријатие ги повика граѓаните да ги посетат нивните поддружници каде може да ги добијат сите потребни информации и документи, што им се потребни за да го запазат рокот за поднесување на пријавите за откуп на општествени станови согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за домување и откуп на становите по проектот FP1340 во Министерство за транспорт и врски кој истекува заклучно со 31 март годинава.