Поднесено обвинение за гостиварец кој вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката​

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинени против 43 – годишен гостиварец за семејно насилство.

„Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди“, информираат од Обвинителството.

Кривичното дело загрозување на сигурноста обвинетиот го сторил на штета на неговата ќерка. Тој неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани кон неа и нејзината мајка.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра