Поднесено обвинение против дилер на хероин и кокаин од Сингелиќ

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обвинението, лицето заради продажба набавило поголемо количество хероин и кокаин, ја однело во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувало во помали количества со намера да ја пушти во продажба.

При извршениот претрес на неговиот дом на 7 март бил пронајден кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, како и кокаин со вкупна нето маса од 90,9 грама. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.

„Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка“, соопштија од ОЈО Скопје.

Би можело да ве интересира

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица