• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Поднесенo обвинение против четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување

by А1он13/02/2019 - 12:58448
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

Обвинетите, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, со искористување на својата службена положба и овластување и спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности, склучиле договори за извршување консултантски услуги со Републичкиот геодетски завод Србија, велат од ОЈО.

Договорите, додаваат од Обвинителството, биле склучени на ист датум во декември 2016 година, во рамките на Проект за управување со недвижности, а врз основа на нив на обвинетите им биле исплаќани средства во текот на повеќе месеци во 2017 година. На овој начин, секој од обвинетите, во зависност од својот ангажман, за себе прибавил противправна имотна корист од поголема вредност – односно 1.000.541 денари, 763.031 денари, 753.072 денари и 930.378 денари соодветно.

 

katastarobvinenieojozloupotreba na sluzbena dolznost

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он30/01/2026 - 17:31

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:0520/01/2026 - 12:16

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски20/01/2026 - 07:5320/01/2026 - 10:33

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:5122/12/2025 - 12:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен