Поднесени околу 500 барања за минимална гарантирана помош во Гостивар

Од:

Околу 500 граѓани на Гостивар поднеле барања да добијат помош од државата како материјално необезбедени во услови на криза предизвикана од коронавирусот.

Шефот на Одделението за социјална помош во Центарот за социјални работи во Гостивар, Себајдин Изаири изјави дека барателите треба да достават и трансакциска сметка и апелираше што поскоро да ги комплетираат барањата за да може навремено да се изврши уплатата на средствата.

Лицата кои поднеле барања, можат да добијат од четири до десет илјади денари, зависно од бројот на членови во семејството. Минималната помош за материјална необезбеденост на едно семејство ќе се утврдува според вкупниот приход кое членовите го оствариле од претходниот месец.

Семејствата корисници на ова право можат да поднесат и барање за помош од илјада денари, за покривање на дел од трошоците за потрошена електрична енергија за април и мај.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија