А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесени кривични пријави против девет лица за настаните во Собранието

by А1он05/06/2017 - 16:4286
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје денеска поднесе кривични пријави против девет лица за инцидентите во Собранието од 27. април.

Добивај вести на вибер

Кривичните пријави се за сторено насилство кон луѓе и оштетување на имот, а направени се три кривични дела: „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, потоа „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидени и казниви по член 384, 383 и 385 од КЗ.

Кривично пријавени се: З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Потоа, Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево заради сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“; и против А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Пријавените на 27. април учествувале во инцидентите и откако го пробиле кордонот од полицијата, влегле внатре каде што оштетиле имот во ходникот на Собранието, а потоа физички напднале тројца полициски службениците од внатрешното обезбедување, по што се упатиле кон салата бр. 3, односно прес-центарот каде што физичките ги нападнале пратениците на парламентарното мнозинство.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27. април во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

mvrsobranie

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен