Поднесени две кривични пријави за силување

Од:

Полицијата поднесе кривични пријави за два одвоени случаи на силување и силување во обид во Куманово и Кочани.

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“ во обид. Како што стои во соопштението од полицијата, на 13 мај околу 11:00 часот во индустрискиот дел во Кочани пријавениот во неколку наврати, со употреба на физичка сила, се обидел да изврши полови дејствија над К.С. (21), при што и нанел телесни повреди на рацете и половината.

СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против Е.М. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”.

На 21 април 2015 година околу 4:40 часот во семејната куќа, додека С.С. (37) спиела, дошол пријавениот, влегол внатре, се приближил до креветот и извршил полови дејствија над истата, а потоа и го одзел мобилниот телефон и побегнал, соопшти полиција.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа