Поднесен обвинение за анестезиологот од Тетово кој објави снимка од пациенти на ТикТок

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и Неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.

– Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем