Подигнато обвинение против гостиварец што му се заканувал на премиерот преку социјалните мрежи

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничениот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над 5 години. Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина.​

Би можело да ве интересира

Ученик се заканувал дека ќе изврши убиства во Подгорица

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

Финска не гледа воена закана од Русија, вели премиерот Орпо

А1он

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он