Подгорци: Радикални протести доколу не запре сечата на дрвјата

Од:

Ако проблемот со алармантното сечење на дрвjа во атарот на струшкото село Подгорци не се реши најдоцна до крајот на идната недела, жителите најавуваат радикализирање на протестите.

Тие велат дека за кратко време биле украдени околу 1000 кубни метри високо квалитетно огревно дрво. За овој проблем заседаваше и Советот на месната заедница на селото Подгорци по барање на група на граѓани со единствена точка на дневен ред разгледување на проблемот и злоупотребата околу сечењето на огревно дрво во планината.

-На тој заеднички состанок со присутни очевидци на сечата, во присуство на службени лица од шумската полоција кои исто така изготвуваа записник увидоа и констаритаа дека се бесправни исечени многу немаркирани високо стеблести дрвја. Овој проблем трае веќе подолго време, а последниот настан е само кулминација околу сечењето на огревно дрво од нашиот атар од планината“ велат од месната заедица.

Тие бараат стопирање на сите активности околу сечата и транспорт на огревно дрво од стана на шумското претпријатие ЈП Македонски шуми.

-Бараме комплетна ревизија, истрага и надзор на лице место од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од каде под итно треба да се преземат конкретни активности и мерки за решавање на овој проблем во населбата Подгорци“.

-Ние како совет на месна самоуправа Подгорци стоиме на располагање и сме отворени за секаков вид соработка како би го решиле проблемот. Доколку не се преземаат никакви активности и мерки во брзо време протестите кои се во тек ќе продолжат се до наоѓањето на решение на проблемот“ се вели во соопштението на Претседателот на месната самоуправа Подгорци, Мирсад Реџоски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска