Поддршка за Горан Трајковски од ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство

Од:

Поддршка на кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски дадоа ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Гордана Бобулинска од ВМРО-НП од Делчево изјави дека на Централниот комитет на партијата е донесена конечна одлука за поддршка на СДСМ и коалицијата.

– На Централниот комитет одлучивме да не ја поддржиме листата за советници, иако има наш кандидат за советник кој не е избран демократски, туку ќе ја поддржиме листата на СДСМ и кандидатот за градоначалник Горан Трајковски, истакна Бобулинска.

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ рече дека Горан Трајковски е вистински кандидат за градоначалник на Делчево бидејќи се работи за чесен човек со одлуки какви што треба да има еден градоначалник.

За Љубе Бошковски од Обединети за Македонија овие локални избори се едни од најважните бидејќи, како што рече, треба да се сруши еден тоталитарен режим и на локално ниво.

– Ова е најважно време во Макеоднија и навистина е новата ера во Македонија која дојде по 11 декември. Тој процес мора да се заокружи, а идеолошките разлики ќе ги оставиме за поубави времиња, кога ќе дојде животот во Македонија, рече Бошковски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски