Поддршка од ЗЕЛС за активностите на комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани

Од:

Заедницата на единиците на локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) дава целосна поддршка за активностите на комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани, особено што таа е меѓу поактивните во државата и веќе реализираше поголем број мерки за почитување на принципот на родовата еднаквост.

Таков е заклучокот од денешната средба на директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ со градоначалникот Николчо Илијев и со членовите на комисијата, при што беше речено дека ќе продолжи помошта во поглед на работењето и остварување на главните цели.

– Локалната власт постојано треба да докажува дека може и мора да одигра позитивна улога во промовирањето еднаквост на практични начини кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Ете затоа, како алка во синџирот, сме посебно важни и треба да бидеме особено цврсти и издржливи, едуцирани и иницијативни. За да постигнеме вистинска еднаквост во пракса, како клуч за економски и социјален успех, истакна Татјана Лазарова Осоговска, претседателка на комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Во рамки на воспоставените принципи на работа, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите има сопствен буџет со средства од општината, а со кој помага во унапредувањето на родовата еднаквост. Во тие рамки беше донесена одлука за финансиска помош на женскиот кошаркарски клуб од Кочани, кој од годинава се натпреварува во државниот лига систем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат