Поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за измените на КЗ

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ информира дека како дел од извршувањето и одмерувањето на санкциите во Република Македонија, во собраниска процедура веќе влегле измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кој што содржи пакет измени и дополнувања во неколку сфери.

– Сметаме од сите овие измени и дополнувања на Кривичниот законик, најзачајна е измената која се однесува на правата од работен однос. Преку секојдневните средби со граѓаните постојано се соочувавме со случаи кои ги нотираа граѓаните, а се однесуваа на проблемот кога работодавачите им ја исплаќаа минималната плата на работниците, а потоа им бараа да ја вратат дел од сумата на парите кои што им биле исплатени. Токму преку овие измени на Кривичниот законик, се најде начин како да се стимулираат работниците да ги пријавуваат ваквите случаи и се изнајде системско решение за ограничување на работодавачите при вршење на овие дејствија, се вели во соопштението.

Во него се додава дека со измените кои се однесуваат на делот на повредата на правата од работниот однос, во голема мера се заштитуваат правата на работниците во однос на работодавaчите односно работодавачот кој што ќе побара од работникот да му врати одреден дел од плата или друг вид на надоместоци, тогаш, овие измени, работодавачот ќе биде санкциониран со казна затвор со времетраење од 3 месеци до 1 година.

Исто така, со овие измени, санкциониран ќе биде работодавачот кој што на работникот ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок затоа што му побарал на работник да врати одреден износ од плата или друг вид надоместоци исплатени од работодавачот.

– Нашата поддршка за измените и дополнувањата на овој закон пред се се должи на барањата на граѓаните кои секојдневно се соочуваа со непријатни ситуации каде што мораа дел од своите вредно заработени месечни примања да ги враќаат на работодавачите. Конечно, со ова законско решение уште повеќе се зголемуваат правата на работниците и во иднина се превенира и се спречува секој вид уцена од страна на работодавачите, се посочува во соопштението.

Ова законско решение, се додава, е уште еден доказа за грижата, борбата и залагањата за заштита на правата на работниците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата