Поддршка од прилепските фризери и бербери за обнова на Трескавец

Од:

Голем е одѕивот на денешната хуманитарна акција за обнова на манастирот Трескавец што ја реализираат фризерите и берберите од Прилеп.

– Многу ми е мило што има голем одѕив. Прилепчани многу го сакаат манастирот Трескавец. Направивме многу фризури и така ќе биде до 17 часот. Оваа е прва од ваков вид акција, а ќе имаме уште се со цел побрзо да се обнови големиот манастир. Поканети се и нашите колеги од другите градови, изјави Жарко Јованоски, претседателот на здруежнието на фризери и бербери при Регионалната занаетчиска комора.

Прилепските бербери и фризери денеска од 10 до 17 часот на своите сограѓани им нудат услуги за 100 денари. Во акцијата се вклучени 25 прилепски бербери и фризери.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески најавува нови акции и градежни работи  на патот до манастирот.

– Хуманитарните акции за обнова на Трескавец продолжуваат. Наскоро ќе се вклучат и угостителите. Сега почнува градежната сезона на работите на изградба на патот до манастирот во должина од 7,5 километри со пари од Министерството за транспорт и врски, изјави Ристески.

Конаците на Трескавец до темел изгореа на 4 февруари. Досега се спроведени 10-тина хуманитарни акции за негова обнова. За 20-тина дена Прилепскиот музеј ќе го заврши основниот проект за новиот и автентичен изглед на конаците.

Би можело да ве интересира

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски