Поддршка од Канада за членство во НАТО и за уставното име

Од:

Македонија и Канада се пријателски земји со добри политички билатерални односи кои можат да се унапредуваат во парламентарната и економската сфера. Добрите односи се отсликуваат преку постојаната поддршка на Канада за членство на Македонија во НАТО и признавањетo под уставното име.

Ова е оценката на претседателот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела и претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски по нивната денешна средба во Скопје.

– Многу ја цениме поддршката што ја добиваме од Македонија во контекст на пркилучувањето на Америка и Канада во договорот за слободна трговија со Европската заедница. Канада е благодарна и на сите генерации Македонци кои дошле таму и помогнале таа да се изгради во земја каква што е денес, истакна Кинсела.

Тој додаде дека на денешната средба станало збор за Групата за македонско-канадско пријателство која е формирана во канадскиот Парламент и која, како што рече, е добро средство за унапредување на билатералната соработка на двете земји.

– Едно од поголемите достигнувања на парламентарната демократија е што таа им овозможува на парламентарците во Канада да ја разберат состојбата и начинот на живот преку очите на самите жители. Ние учиме многу преку соработката и добрите односи што ги имаме со колегите од Македонија. Тоа ни овозможува и да ја унапредуваме соработката и да ги согледаме економските можности, истакна Кинсела.

На средбата со неговиот колега Вељаноски разговарале и за можностите за овозможување поголема мобилност преку олеснување на визниот режим.

– Разговаравме за многу прашања вклучувајќи го и визниот режим, за олеснување на добивањето визи и полека и за нивно укинување, но и други прашања кои се од големо значење за бизнис-заедницата и за граѓаните. Одличните политички односи меѓу двете земји треба да дадат придонес и за обичните граѓани, истакна по средбата претседателот на македонското Собрание, Вељаноски.

Кинсела денеска имаше и обраќање пред македонските пратеници, а во рамки на неговата посета предвидени ќе има средба и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска и со лидерите на петте верски заедници.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски