ФОТО: Поддршка од дипломатите за ЛГБТ заедницата

Од:

Странските амбасадори во земјава меѓу кои и заменик амбасадорот на САД, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија денеска одржаа средба во ЛГБТ Центарот за поддршка во Старата Скопска чаршија. Тие го осудија последниот напад кој се случи врз Центарот на 22 јуни, и истакнаа дека не смее да има никаква дискриминација според сексуалната ориентација.

Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија истакна дека е облигативно и за граѓаните и за парламентот да овозможат еднакви права за сите како и активно да се борат против ваквиот тип на дискрмининација.

„Овој ЛГБТ Центар е тука за да промовира свесност“, посочи Орав.

[nggallery id=207]

Претставниците на дипломатскиот кор го осудија насилството врз припадниците на ЛГБТ заедницата, а амбасадорката на Холандија во Македонија Мариет Шурман посочи дека насилството врз граѓаните како и одредените граѓански организации не смее да помине несанкционирано од страна на правниот систем.

„Многу е важно да ја следиме истрагата, видовме дека има снимки од нападот и искрено се надеваме дека сторителите ќе бидат санкционирани. Го поддржуваме ЛГБТ Центарот и важно е тој да остане тука“, изјави Шурман.

Брајан Агелар, заменик амбасасдор на САД во РМ, рече дека тие како дипломати не присуствувале на средбата само како пријатели на ЛГБТ заедницата, туку и како пријатели на Македонија.

Во врска со нападот врз ЛГБТ центарот, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, објави дека тие доставиле претставка заедно со снимките од нападот до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со цел да се преземат активности и да се истражи постапувањето на полицијата тој ден.

„Снимките покажуваат дека и покрај зголемено присуство на полициски службеници пред Центарот и во неговата околина, сепак се случи група од триесетина луѓе да се провлечат низ овој дел од чаршијата, и без да постои соодветна реакција од полициските службеници да го нападнат Центарот и да повредат полициски службеник“, посочи Пировска, најавувајќи дека очекуваат Секторот за внатрешна контрола да одговори какви мерки ќе преземе за истражување на професионалноста на работењето на полициските службеници.

„Доколку не се случи тоа ние ќе ги објавуме снимките во медиумите“, изјави Пировска.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on