Поддршка од австрискиот амбасадор Вуцас за реформите во делот на правосудството

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас.

На средбата, министерот Маричиќ истакна дека Австрија покажала силна поддршка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија и се заблагодари на австрискиот амбасадор Вуцас за досегашната соработка.

Како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ истакна дека во претстојниот период, Северна Македонија ќе посвети посебно внимание на имплементација на законите и реформите во делот на владеењето на правото со цел да се изгради транспарентен, независен и непристрасен правосуден систем.

Маричиќ нагласи дека очекува првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите да се одржи до крајот на годината.

Амбасадорот Вуцас изрази отвореност за поддршка на реформскиот процес на земјата во делот на владеењето на правото и правосудство.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска