Подароци за децата во Клиниката за детски болести

Од:

По повод јануарските празници Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје, денеска организира пригодна програма и подароци за деца кои се на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје.

– Со цел да им овозможиме на овие деца да почувствуваат барем дел од празничната убавина секоја година организираме различни пријатни празнични изненадувања во самата клиника, во рамки на хуманитарениот проект “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”, велат од АН-БЛОК Скопје.

Годинава Дедо Мраз ќе ги посети децата кои се на лекување на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести во Скопје и ќе им подели новогодишни подароци кои се собрани по пат на донации.

АН-БЛОК  традиционално, од 1998 година по повод новогодишните и божикните празници го реализира проектот “Заедно со Вас да ги направиме децата среќни”.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем