Поцков: Проектот „Зелена нафта“ ќе значи помош за 180.000 регистрирани земјоделци

Од:

Кандидатот за градоначалник на Гевгелија од СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“ Сашо Поцков денеска на средбата со жителите на Милетково и Смоквица, вети нов проект – „зелена нафта“ за земјоделците.

Реализацијата на мерката, како што напомена Поцков, ќе почне веднаш по преземањето на локалната власт.

– Земјоделците ќе плаќаат двојно пониска цена за нафта за потребите на земјоделската механизација намето редовната цена на нафтата за товарните возила. Тоа на годишно ниво ќе ја чини државата 5,7 милиони евра. Наместо субвенционирање на веќе постојните бизниси, Владата предводена од СДСМ истите средства ќе ги насочи за проектот „Зелена нафта“, која ќе значи помош за 180.000 земјоделци колку што се регистрирани во нашата земја, потенцира Поцков.

Тој, воедно, побара од своите сограѓани да гласаат за него и Коалицијата предводена од СДСМ со што, рече, ќе обезбедат услови за остварување на програмските заложби за поддршка на земјоделството и рурален развој на, според него, заборавените македонски села.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?