Поцков: Капитални проекти во Миравци

Од:

Создавање услови за подобра економија, задржување на младите меѓу своите семејства и услови за подобар живот, вети на средбата со жителите од Миравци кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија од редовите на СДСМ и коалицијата, Сашо Поцков.

– Ние ќе реализираме вистински капитални проекти,а не крпење дупки и асфалтирање на улици од два метри. Нашата партија реално гледа на потребите на граѓаните и затоа во нашата програма еднаков третман ќе имаат комуналните потреби на сите граѓани оти само така населените места ќе бидат пристојно место за живеење, нагласи Поцков.

Кога ќе се смени власта, ништо нема да биде поразлично од 14 октомври, како што рече Поцков, затоа што ниту ќе има двојазичност ниту ќе има бегалски кампови во Гевгелија. Тоа, како што рече Поцков, е имагинарна фикција на ДПМНЕ со цел да се поентира кај гласачите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски