Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Грција

Од:

Земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала утрово го стресе грчкиот остров Крит, почувствуван и во Скопје. Земјотресот според Европскиот медитерански сеизмолошки центар е на длабочина од 55 километри, а се случил во 9 часот и 23 минути по локално време.

Според коментарите на оние кои го почувствувале, земјотресот бил со голема бучава, а тресењето се почувствувало во два брана.

Во Грција земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер беше почувствуван и вчера, на 166 километри западно од Атина.

Не престанува да се тресе ниту тлото во Албанија, каде што по силниот земјотрес од 6,4 степени вчераутро, почувствувани се уште серија помали земјотреси.

Професорот Михаил Гаревски вчера за „А1он“ изјави дека е мала веројатноста за поврзаност на земјотресите. Тој смета дека е поверојатно да се работи за изолирани појави.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски