Почувствуван земјотрес во југозападните делови на С. Македонија

Од:

Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почувствуван од населението во југозападните делови на нашата земја со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот, како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 06:30 часот, на 155 километри југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово