Почувствуван земјотрес во Дојран, епицентарот во Грција

Од:

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е регистриран во 10 часот и 13 минути во Грција, а потресот бил почувствуван во Дојран.

„Денеска во 10 часот и 13 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од дојранското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 14 километри источно од Дојран во соседна Грција. Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.8, а беше почувствуван од населението во Дојран и околината“, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Потресот со помал интензитет бил почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица и Штип и останатиот дел на југоисточна Македонија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија